Фудбалерите на Милан со 3:0 го победија Лече во натпревар од петтото коло во Серија А.
„Росонерите“ со триумфот им се вратија на победите откако во последние две кола одиграа нерешено против Јувентус (1:1) и Лацио (2:2) и искачија на петтото место на табелата со 11 бодови, два помалку од лидерите Рома и Интер.
Резултатот го отвори Кристијан Пулишиќ во 14-та минута. За Американецот ова беше прв гол во 2026 година.
Во вториот дел, „росонерите“ постигнаа уште два гола преку Рабио (61 мин) и Мореира (73) и ја оправдаа фаворитската улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
