Англискиот фудбалски гигант Челси е на прагот на голема промена во сопственичката структура. Тод Боели и Марк Волтер започнаа преговори за продажба на своите акции на инвестицискиот фонд „Клерлејк Капитал“, кој во моментов поседува 61,5 отсто од клубот.
Доколку се постигне договор, „Клерлејк“ ќе го зголеми својот удел на повеќе од 86 проценти, со што практично ќе добие целосна контрола врз „сините“. Оваа потенцијална зделка би го вреднувала Челси на повеќе од 5 милијарди фунти, што е огромен скок во однос на 2022 година, кога конзорциумот го купи клубот од Роман Абрамович за 2,5 милијарди фунти.
Главна причина за овој потег се несогласувањата меѓу сопствениците околу идната стратегија, изградбата на стадионот и начинот на управување. Дополнително, Марк Волтер веќе почна да се повлекува од спортските инвестиции, што го потврди и со неодамнешната продажба на својот удел во НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
