Англискиот великан Челси е на пат да го реши голманското прашање. Како што објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, клубот од Лондон испратил понуда за српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ.
Станува збор за голман на Њу Ингланд, кој пред да се пресели во САД бранеше за Чукарички и ИМТ. Како што стојат работите, челниците на сините се подготвени да понудат 18 милиони евра за неговото доаѓање.
Преговорите одат добро, па лондонскиот тим се очекува да се договори и да најде замена за Кепа Аризабалага, кој замина на едногодишна позајмица во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА