Тодороски е играч на колото во Србија, австрискиот пасош е проблем за настапите во македонскиот дрес

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски е прогласен за играч на колото во српската Суперлига, по одличното негово издание и погодокот на натпреварот против Раднички Крагујевац.

25-годишниот играч од средниот ред беше убедливо најдобриот поединец на дуелот учествувајќи, покрај голот, и во останатите акции при погодоците на гостинскиот тим.

Андреј Тодороски потекнува фудбалски од школата на Рапид Виена. Пред преселбата во српскиот шампионат каде претходно играше за Спартак Суботица, има настапи и за австриските ФАЦ и Виенер.

Не е тајна дека Андреј Тодороски е интересен и за селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, меѓутоа клучен проблем за него претставува австрискиот пасош и неможноста да има двојно државјанство. Како што е познато, Австрија не дозволува двојно државјанство, па за да може да настапува за македонската селекција Тодороски треба да се откаже од австрискиот пасош што би претставувало проблем во моментов за настап на интернацоналната клупска сцена.

Се вчитува...