Тодоров: МЗТ е единствениот клуб каде се чувствувам како дома…

Александар Тодоров не го криеше задоволството по враќањето на клупата на МЗТ Скопје. Стручњакот што ја донесе првата титула во Аеродром сега пред себе зацрта четири цели кои ги смета за најважни за клубот да се движи во вистинска насока.

Прво сакам да го искажам своето задоволство што повторно сум овде во овој клуб што го чувствувам како свој клуб, можеби единственото место каде што сум работел и каде се чувствувам како дома. Ме чека еден предизвик бидејќи пред шест години седнав пред вас и кажав дека единствена цел на МЗТ ќе биде да ја освои титулата, прва во клупската историја. Овојпат поставуваме поразлични цели, не разговараме резултатски, туку за листа на приоритети

  1. Да составиме екипа каде основата ќе биде од македонски играчи.
  2. Да го вратиме најсилниот играч на МЗТ Скопје – Фемили Аеродром на трибините.
  3. Да составиме екипа околу мене составена од поранешни кошаркари и функционери на клубот.
  4. Целосна реконтрукција и реорганизација на младинската школа на клубот, за во иднина клубот да може да црпи играчи.

Тодоров не стравува дека намалувањето на бројот на странци може да влијае на резултатите во АБА-лигата како силно регионално натпреварување.

Сигурно ќе бидеме подобри од лани, бидејќи сега има само 12 екипи, па не може да завршиме како тринаессетти“ – на шега порача Тодоров, па продолжи: Секој има свои аргументи, но да не заборавиме дека најдобриот резултат во историјата на МЗТ Скопје во АБА-лигата е остварен со четворица странци и осум домашни играчи“ – истакна новиот тренер на МЗТ Скопје.

Воедно, новиот тренер на МЗТ Скопје јасно стави до знаење дека актуелниот првак нема да учествува во ФИБА Лигата на шампионите.

Се вчитува...