Тодоров реди победи во Купот на Романија

Македонскиот селектор Александар Тодоров добро ја стартуваше сезоната на клупата на Крајова, бележејќи три победи на стартните три натпревари во Купот на Романија. Првата фаза од натпреварувањето е турнирска, а избраниците на Тодоров со стартните три победи веќе забележаа пласман во следната рунда.

Крајова го почна турнирот со убедлива победа над Констанца од 101-68, по што славеше и на клучниот дуел против Стеауа со 89-76, за тимот на Тодоров денеска да стигне и до третиот триумф, над екипата на  Меркуреа со резултат 73-53.

Македонскиот селектор го очекува уште дуелот со домаќинот на турнирот Орадеа, но без оглед на резултатот на овој натпревар Крајова ги продолжува настапите во Купот на Романија. Веднаш потоа Тодоров доаѓа назад во Скопје, каде со македонската репрезентација ќе ги почне подготовките за ноемвриските квалификации за Евробаскет 2021.

Се вчитува...