Нова управа дојде на чело на МЗТ Скопје во 2011 година и нивото на фукнционирање се крена на далеку повисока стапка…
Тренерот Александар Тодоров како гостин во новата емисија во подкастот „ПРЕСИНГ“ открива како минале првите висински подготовки на аеродромци во Маврово, во стилот на Реал Мадрид и Барселона, како што со насмевка коментира стратегот што ја донесе првата титула во МЗТ.
„Сакаме подготовки висински, МЗТ не бил на такви подготовки 15 години. Одиме кај градоначалникот, кој ни дава зелено светло да одиме во хотелот на ЕЛЕМ во Маврово. Одам јас неколку дена порано да видам што има таму, ми отвара Баже Ефремовски, таткото на Викса Ефремовски кој работи во ЕЛЕМ во Гостивар… Ми покажува еве 20 соби, секој може да е сам, но треба да знаете, имаме кујна но немаме ниту готвач ниту келнери, ќе морате се да си донесете сами“, се присетува Тодоров.
И тогаш почнува целосната организација на подготовките за само неколку дена.
„Отидовме во една кафeана, им велам дека ни треба готвач, газдата ни го дава готвачот Трпе. Во тоа време спонзор ни е еден супермаркет, со директорот Видое правиме список што ќе се јаде сите денoви, се купува толку и толку месо, толку и толку… од се што е потребно… И така, МЗТ отиде на подготовки како Реал Мадрид или Барселона, со сопствен готвач…. Не од што сакавме, од што немаше… Од што моравме!“, расположен е за разговор во „ПРЕСИНГ“, Александар Тодоров.
Погледнете ја целата емисија на подкастот „ПРЕСИНГ“ со Александар Тодоров и со Ѓорѓе Војновиќ, во која се опфатени бројни кошаркарски теми…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

