Тодоров заврши со тренерската професија, стана генерален менаџер на клуб во Холандија

Александар Тодоров со завршувањето на сезонава стави крај на тренерската кариера, откако екс-селекторот на Македонија уште пред неколку месеци како стратег на Крајова објави дека размислува за нови предизвици.

Денеска стана јасно за каков предизвик станува збор, откако Македонецот беше промовиран во нов генерален менаџер на холандскиот клуб Ландштеде од Цволе.

„По 25 години решив да престанам со тренерскиот занает и побарав нов предизвик. Ландштеде испрати понуда што беше идеална можност за мене. Ги познавам луѓето од клубот повеќе од десет години, знам дека овде работат вистински професионалци и тоа само ми ја олесни одлуката“, изјави Тодоров.

Дел од овој клуб е Американецот Ноа Далман, кој беше доведен од Тодоров пред десетина години во МЗТ Скопје и беше дел од првата шампионска генерација на „металците“.

Се вчитува...