Тој се уште е „газда“ во Јунајтед – Ферги му се јави на Роналдо и го убеди да не оди во Сити

Трансфер сагата околку заминувањето од Јувентус и враќањето на Кристијано Роналдо во редовите на Манчестер Јунајтед од минута во минута открива и нови детали. Имено како што пренесуваат англиските медиуми, Португалецот бил пред потпис со „граѓаните“ се додека не добил повик од Сер Алекс Фергусон.

Легендарниот тренер кој воедно и го доведе Кристијано Роналдо во редовите на Манчестер Јунајтед во 2003 година од Спортинг била главната причина за португалскиот ас да ги прекине договорите со Сити и да ги сврти своите погледи кон поранешниот клуб.

Сега се очекува Роналдо да пристигне во Манчестер во текот на денот и да бидат завршени и медицинските прегледи по што ќе се официјализира враќањето на еден од најдобрите фудбалери на денешницата на „Олд Трафорд“ каде ќе ги помине следните две години.

Се вчитува...