Том Брејди стана сопственик на Бирмингем

Најдобриот играч во историјата на американската НФЛ лига, Том Брејди стана еден од малцинските сопственици на британскиот Бирмингем кој во моментов е член на Чемпионшип.

Познатиот квотербек ќе го предводи советодавниот одбор, кој директно ќе работи со првите луѓе на тимот.

„Бирмингем има голема историја и чест ми е што сум дел од овој проект. Сакам овој тим да го врати карактерот на победник. Во текот на мојата кариера бев дел од големи тимови и ќе направам се за да го постигнам истиот успех во Бирмингем“, изјави Брејди.

Бирмингем последен пат играше во Премиер-лигата во 2011 година. Лани сезоната ја заврши на 17. место во Чемпионшип.

По завршувањето на кариерата, Том продолжува да инвестира во други спортови. Неодамна стана сопственик на тим во конкуренција на електрични бродови, кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство следната година во Џеда.

Се вчитува...