Том Брејди урна уште еден рекорд

Легендарниот квотербек Том Брејди урна уште еден рекорд во НФЛ лигата. Тој по рекорден 15 пат се најде на „Про-бол“ панданот на „Ол стар“ натпревар во НФЛ лигата. Тој со овој учинок надмина неколку легенди, но најважно е тоа што го помина својот најголем ривал, Пејтон Менинг кој 14 пати беше избран за учесник на про-бол.

Највише играчи на „Про-бол“ имаат Индијанаполис Колтс, додека по шест имаат Канзас Сити Чифс и ЛА Чарџерс. Има тимови кои немаат ниту еден учесник на „Про-болот“, а тоа се Денвер, Џексонвил, Њујорк Џетс, Детроит и Хјустон.

Се вчитува...