Том Тибодо, тренер на сезоната во НБА

Том Тибодо е добитник на признанието за најдобар тренер во сезоната 2020/2021 откако овој искусен стратег успеа да го воскресне тимот на Њујорк никс.

Њујорк со години беше предалеку од борбата за плејофот, но Тибодо успеа да состави одличен тим без суперѕвезди, со скор од 41 победа и 31 пораз водејќи ги „никс“ до доигрувањето, каде беа елиминирани од Атланта. За Тибодо ова е втора награда за тренер на сезоната, откако првата ја доби пред точно десет години како предводник на Чикаго булс.

Второто место во гласањето му припадна на Монти Вилијамс од Феникс Санс, додека третопласиран е шефот на стручниот штаб на Јута, Квин Снајдер.

Се вчитува...