Томас Лемар доаѓа во Тотенхем?

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ја разгледува можноста да го засили составот во овој зимски преоден рок со францускиот репрезентативец Томас Лемар. Тој не импресионираше во Атлетико Мадрид и бара шанса да замине во друга средина каде ќе може да се наметне до крајот на сезоната и да обезбеди место во селекцијата на „триколорите“ за ЕВРО 2020.

Тотенхем би платил 6 милиони евра за шестмесечна позајмица, а во договорот ќе стои и клазула за комплетно откупување на крилниот фудбалер доколку и двете страни се задоволни од претходната соработка. Во тој случај Тотенхем би платил дополнителни 55 милиони евра.

Покрај Тотенхем, за Томас Лемар постои интерес и од Арсенал, Интер и од ПСЖ.

Се вчитува...