Томас Милер заминува од Баерн: Ниту е срамота, ниту ми е проблем!

Томас Милер дојде во Баерн Минхен како 10-годишно дете, а 21 година подоцна навести дека наскоро може да замине од клубот. Милер постигна 212 гола и забележа 210 асистенции на 571 натпревар за Баерн и освои 27 трофеи, вклучувајќи девет титули во Бундеслигата и два во Лигата на шампионите.

Неговиот договор со Баерн важи до 2023 година, но клубот веројатно ќе се сретне со него доколку фудбалерот сака нов предизвик, а во последните години најголем интерес за него покажуваа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

“Јас не сум врзан за овој клуб. Имаме посебна врска, го сакав Баерн уште пред да започнам да играм за него, но ако сте во ситуација да може да одите во друг клуб, нема срам или проблем во тоа”, рече легендата на Баерн.

Се вчитува...