Томас Тухел останува на клупата на ПСЖ и следната сезона

Томас Тухел ја продолжува авантурата во Пари Сен Жермен, тврди влијателниот „Л’Екип“. Тој имал разговор со спортскиот директор Леонардо и добил можност и следната сезона да ги предводи „светците“.

Пред пандемијата со коронавирусот, столчето на Тухел сериозно се тресеше, но, сепак, ПСЖ е прогласен за шампион на Франција, а тимот се наоѓа и во нокаут-завршницата од Лигата на шампионите. Раководството донело одлука да му даде доверба на Томас Тухел и за следната сезона.

Пари Сен Жермен се обидува да го задржи Нејмар до 2025 година со понуда за нов договор, а се водат разговори и со Килијан Мбапе. Томас Тухел ќе добие комплетна слобода во изборот на нови засилувања, а се чини дека најмногу ќе треба да реновира во средниот ред на тимот.

Се вчитува...