Мартин Томовски уше еднаш потврди дека се наоѓа во фанастична форма откако македонскиот голман блесна на голот на Битигхајм и на гостувањето против актуелниот германски првак Магдебург.
Јасно беше дека шампионот е апсолутен фаворит и ракометарите на Магдебург го оправдаа тој епитет со триумфот од 33-24, но на Битигхајм да не му се случи катастрофа се погрижи токму Томовски, кој бранеше одлично на голот на новиот бундеслигаш.
Македонецот имаше дури 16 успешни интервенции, со 33 проценти успешност, потврдувајќи ја извонредната форма со која сезонава е втор најдобар голман во најсилната лига на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
