Томовски го запре моќниот Фленсбург

Мартин Томовски беше еден од најзаслужните што Лудвигсхафен приреди огромно изненадување во Бундес-лигата земајќи го скалпот на шампионот Фленсбург. Лудвигсхафен славеше со 25-23, а во главна улога во завршницата беше Томовски, кој застана на голот на својот тим и нанижа неколку значајни интервенции. Младиот голман мина на теренот 16 минути, период во кој имаше четири интервенции со 44% успешност, со што даде значаен придонес во извонредниот триумф над големиот фаворит.

Филип Талески со Балинген претрпе убедлив пораз на гостувањето против фаворитот Кил (36-26), а нашиот лев бек постигна два гола од три обиди.

Филип Миркуловски и Вецлар загубија на гостувањето во Берлин (32-26), а поранешниот македонски репрезентативец го заврши натпреварот со два постигнати погодоци.

Се вчитува...