Томовски: Овој триумф ја зголемува самодовербата пред Веспрем

Мартин Томовски повторно блесна на голот на Вардар во Лигата на Шампионите, со што македонскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за победата над Елверум.

Вечерашниот меч немаше резултатско значење, но „вардарци“ покажаа беспрекорност во нападот, што сигурно ќе им ја зголеми самодовербата пред претстојните осминафинални дуели со Веспрем.

„Отворивме добро, екипата почна на посакуваното ниво, но на стартот изостана поддршката од нас голманите. Подоцна се консолидиравме, дадовме се од себе за да стигнеме до победата и заслужено се радувавме. Благодарност до соиграчите за максималниот ангажман, што веруваа во себе и во моментите на криза кога противникот го презеде водството. Покажавме карактер, овој триумф е исклучително важен за зголемување на самодовербата пред наредните дуели со Веспрем“, истакна Томовски.

Се вчитува...