Томовски „со сто раце“ ја излуде „зборнаја“

Филип Талески беше одличен во нападот во второто полувреме, но подеднакво добар на голот во вторите 30 минути беше Мартин Томовски, кој одбрани неколку чисти шутеви на руските ракометари и го овозможи големиот пресврт и убедливата победа.

Од бројните интервенции на Томовски, еве една кога Македонецот со фантастичен рефлекс ја извади топката од самиот горен агол од неговиот гол. Со ваков голман, цврста одбрана и разновиден напад, нашите младинци можат да дотуркаат далеку на овој мундијал.

Се вчитува...