Тоне „бродот“ на Фиорентина, се бара спас во „капетанот“ Маурисио Сари

Маурисио Сари може да стане главен тренер на Фиорентина на крајот од оваа сезона. Управата на „виолетовите“ веќе имала разговор со тренерот и неговите агенти. На состанокот присуствувале директорот на клубот Даниел Прада и извршниот директор Џо Барон.

Искусниот, 62-годишен специјалист беше отпуштен од Јувентус минатото лето по само една сезона на клупата на „старата дама“. Кормилар на Фиорентина моментално е Чезаре Прандели, со кого „виолетовите“ имаат многу лоша сезона. Во моментов тие се наоѓаат на 14-тото место по 23-то коло во Серија А.

Прандели го замени Џузепе Јакини, кој беше назначен минатото лето, но доби отказ во ноември, по лошиот старт на сезоната. Договорот на Прандели истекува во јуни 2021 година.

Се вчитува...