Тони Крос донесе одлука, Реал Мадрид има причина за славје

Тони Крос веќе докажа дека и на 34-годишна возраст може да игра на највисоко ниво, па Германецот очекувано донесе одлука на крајот од сезонава да не замине во фудбалска пензија.

Тој најпрвин прифати да се врати назад во германската репрезентација и да му помогне на националниот тим на ЕВРО 2024, а Крос во меѓувреме донесе и клучна одлука за клупската кариера. Тој и во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откако по одлуката за одлагање на пензијата немал дилема дека „кралскиот клуб“ ќе биде негов дом и во 2024/25.

Крос имаше на маса и далеку побогати понуди, но Германецот низ годините веќе докажа дека парите не му се приоритет, ставајќи до знаење дека Реал Мадрид е единствениот клуб за кој би играл додека му трае кариерата. „Кралевите“ веќе имаа доставено понуда на која чекаа одговор, а Крос само ги известил за својата одлука, која дефинитивно донесе огромна радост меѓу навивачите на Реал Мадрид.

Тони Крос е член на Реал Мадрид уште од 2014 година, кога за сума од 30 милиони евра пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од редовите на Баерн Минхен.

Се вчитува...