Тони Крос се повлекува од репрезентацијата на Германија

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос одлучи да се повлече од репрезентацијата на Германија по настапот на Европското првенство оваа година.

31-годишниот фудбалер одлучил да стави крај на репрезентативната кариера, посакувајќи потоа исклучиво да се посвети посериозно на клупските настапи, каде договорот со Реал Мадрид го врзува до 2023 година.

За репрезентацијата на Германија досега има одиграно 101 натпревар, постигнувајќи 17 голови. Освојувач е на светската шампионска титула од 2014 година.

Се вчитува...