Тренерот на Рафаел Надал, кој воедно е и негов чичко, Тони Надал верува во својот внук, и вели дека Рафа за брзо ќе го стигне Роџер Федерер по бројот на Гренд слем титули. Тони Надал е еден од главните „виновници“ за успехот на Надал, кој по крајот на оваа сезона ќе отстапи од тренерското место, за да се фокусира на тениска академија во Мајорка која е проект на неговата фамилија.
„Ќе ги стигнеме 19. титули на Федерер, сигурен сум во тоа. Остана да се освои уште некој Ролан Гарос, но знаеме дека ќе биде тешко“, вели Тони Надал.
Кога станува збор за двајцата тенисери, Надал и Федерер се како мотив еден за друг. Кога едниот ќе освои некој Гренд слемовите во една сезона, другиот веднаш возвраќа. Така е и оваа сезона кога Швајцарецот стигна до титулите на Аустралијан Опен и Вимблдон, а светскиот рекет број 1 возврати со Ролан Гарос и од вчера, УС Опен.
Моментално Федерер е прв на листата по број на Гренд слем титули, има 19, додека Надал засега има 16. По нив двајца се Пит Сампрас со 14 пехари, па следи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 12 освоени титули на Гренд слем турнирите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА