Тони Паркер донесе големо засилување во Асвел

Францускиот кошаркар Тимоти Луваву-Кабаро потпиша за Асвел како сериозно засилување за следната сезона во Евролигата и домашното првенство.

28-годишниот Луваву-Кабаро доаѓа во тимот од Вилербан чиј прв човек е легендарниот Тони Паркер, откако минатата сезона ги мина во редовите на Олимпија од Милано.

Претходно настапуваше во НБА лигата каде одигра 343 натпревари во дресовите на Филаделфија, Оклахома, Чикаго, Бруклин и на крајот за Атланта. Од САД минатата сезона се врати во Европа, во редовите на Олимпија Милано каде имаше  солидни 11,9 поени и 4,1 скока во просек по натпревар.

Се вчитува...