Легендарниот француски кошаркар Тони Паркер е заинтересиран од 2023 година да ја преземе претседателската функција во францускиот фудбалски великан, Лион.
Како што пренесува „Л’Екип“, Паркер се очекува да го наследи на претседателската функција контроверзниот Жан-Мишел Аулас.
Тони со Лион веќе соработува, ако се знае дека е мнозински сопственик на кошаркарската екипа Асвел од предградието на Лион, а фудбалскиот клуб има 25% сопственост и на кошаркарскиот клуб. И мнозинските акционери на Лион немаат ништо против следен претседател на клубот да биде Тони Паркер.
Аулас е на чело на Лион од 1987 година, но со оглед на неговите 71 година тој веќе најави повлекување препуштајќи го местото полека на легендарниот кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА