Топ 10 листа: Кои се најплатените кошаркари во Евролигата?

Се ближи стартот на новата евролигашка сезона, а специјализираниот портал „Eurohoops” денеска обелодени ранг-листа од најдобро платените кошаркари во елитното европско натпреварување.

На врвот идентично како и лани се наоѓа Никола Миротиќ. Црногорецот со шпански пасош го носи дресот на Барселона, откако каталонскиот гигант лани потпиша со него тригодишен договор за плата од 5,4 милиони долари по сезона. Миротиќ не ги оправда очекувањата минатата сезона, Барса остана без трофеј, но се очекува под водство на новиот тренер Јасикевичиус шпанскиот крилен кошаркар да блесне во сезоната што претстои.

На второто место се наоѓа Шејн Ларкин, кој по извонредните настапи за Анадолу Ефес доби договор вреден 3,7 милиони долари по сезона. Никола Милутинов со трансферот од Олимпијакос во ЦСКА Москва добил плата од 2,5 милиони долари годишно, со што се наоѓа на делба на третото место со соиграчот од ЦСКА, Мајк Џејмс, како и со Алексеј Швед, кој се согласи на помала плата при потписот на новиот договор со Химки.

Нандо де Коло се согласи на намалување на платата во Фенербахче и сезонава ќе заработи 2,4 милиони долари, зад францускиот бек следи центарот на Фенер, Јан Весели, со 2,2 милиони долари годишно. На списокот на играчи со плата од два милиони долари по сезона се наоѓаат Љуљ и Тавареш од Реал Мадрид, Хигинс од Барселона, Мициќ во Ефес, Калатес во Барселона, Слукас во Олимпијакос…

Се вчитува...