Топ 5 трансфери кои ја одбележаа годината: Нејмар, Мбапе, Дембеле…

2017 година донесе многу изненадувања на трансфер маркетот во фудбалот. Оваа година ќе се памети по поместување на границите на пазарот, пред се благодарение на ПСЖ и рекордниот трансфер на Нејмар. Сумите кои се нудат за фудбалери стануваат се повисоки, па така неверојатни 100 милиони евра е вредноста на речиси секој играч кој покажува потенцијал за врвен фудбалер.

Францускиот вицешампион го направи невозможното со доведувањето на Нејмар од редовите на Барселона, па останатите великани како да беа принудени да издвојуваат нереални цени за своите засилувања.

Нејмар – од Барселона во Пари Сен Жермен – 222 милиони евра

Предводникот на новата генерација на бразилски фудбалери по четири години го напушти „Камп Ноу“ за да излезе од сенката на Лео Меси. Сега најскапиот фудбалер на светот, Нејмар Џуниор своите фудбалски магии ги презентира на „Паркот на принцовите“. Иако овие 222 милиони евра се чинат премногу, Нејмар покажа дека вреди за секое евро потрошено на неговите квалитети – на 20 меча во сите натпреварувања постигна 17 погодоци и забележа 14 асистенции.

epa06124441 Brazilian striker Neymar Jr. poses for photographs after a press conference at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 04 August 2017. Neymar Jr is presented as new player of Paris Saint-Germain (PSG) after completing a record-breaking 222-million-euro move from Spanish side FC Barcelona. EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Килијан Мбапе – Од Монако во Пари Сен Жермен – позајмица со загарантирани 180 милиони евра

18-годишната сензација по освојувањето на Франција со Монако, се врати во родниот Париз за да заигра покрај Нејмар. Мбапе го облече дресот на „светците“ пристигнувајќи како позајмен играч од „кнежевството“, додека ПСЖ се договори да исплати неверојатни 180 милиони евра пред почетокот на наредната сезона, па така Мбапе ќе стане вториот најскап фудбалер на светот. 2017 година Мбапе ја завршува со 12 погодоци и 11 асистенции во сите натпреварувања како играч на ПСЖ.

mbape slavi psz

Осман Дембеле – Од Борусија Дортмунд во Барселона – 105 милиони евра + 42 милиони евра во клаузули

Откако Нејмар остави голема дупка во редовите на Барселона, Осман Дембеле беше играчот кој најмногу посакуваше да ја пополни таа празнина. Младиот француски фудбалер притискаше за трансфер на „Камп Ноу“ со цел да го облече дресот на својот омилен клуб, па така Дортмунд успеа да го изнуди максимумот за неговите квалитети. 105 милиони евра во касата на „милионерите“, но има и дополнителни 42 милиони евра распоредени во неколку клаузули.

Дембеле се уште ги нема покажано своите фудбалски знаења, одигра само педесетина минути во шпанското првенство забележувајќи една асистенција, пред се поради повреда која го тргна од терените цела полусезона.

43A500F000000578-4829520-image-a-65_1503926316178

Ромелу Лукаку – Од Евертон во Манчестер јунајтед – 85 милиони евра

Човекот кој сите го гледаа во дресот на Челси, одлучи својата кариера да ја продолжи покрај својот најдобар пријател Пол Погба, па Лукаку го собори британскиот трансфер рекорд со преселбата на „Олд трафорд“ за 85 милиони евра. Дека е врвен напаѓач потврди со својата неверојатна форма на стартот од сезоната, Лукаку погоди 10 нати на првите 11 натревари, а Мурињо доби еднакво добар голгетер откако се повреди Ибрахимовиќ.

lukaku slavi mancester2

Алваро Мората – Од Реал Мадрид во Челси – 62 милиони евра

Пристигна како најскапиот играч во историјата на англискиот првак, Алваро Мората веднаш ги оправда средствата кои Челси ги исплати на Реал Мадрид за неговите услуги. Откако Конте одлучи да го елиминира Диего Коста од тимот и да го продаде, се поставуваше прашањето дали Мората е доследен на улогата „прв избор“ во нападот. Шпанецот не само што редовно ги тресе мрежите, туку и носи круцијални бодови на тимот со своите голови, како на дербито против Јунајтед во кое го постигна единствениот погодок на средбата.

Во досегашниот дел од сезоната Мората забележа 12 погодоци на 26 меча во сите натпреварувања, и полека станува миленик на навивачите на „сините“.

DKa2b6dXkAIRaef

Јасно е дека овие трансфери нема да останат долго како петте најскапи во фудбалот, се чека денот кога и овие суми ќе бидат надминати, а веќе има неколку кандидати.

Антоан Гризман, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Фелипе Кутињо се меѓу првите најавувани мега – трансфери за новата 2018 година, а кои гиганти ќе се осмелат да „искешираат“ повеќе од 100 милиони евра за овие играчи, допрва ќе се знае. Секако, во игра се ПСЖ, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Барселона, Реал Мадрид…

Се вчитува...