Топ голови во СЕХА за септември: Манасков, Ѓукиќ, Бувиниќ…

СЕХА-лигата ги објави најубавите голови за месец септември, листа на која се најде и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и неговото ремек-дело меѓу Веспрем и Загреб.

Во конкуренција за гол на месецот е и десното крило на Работник, Милан Ѓукиќ, како и поранешниот ракометар на Металург, Марко Бувиниќ (сега член на Нексе), потоа Ален Овчина од Војводина, како и погодокот што Стеван Вујовиќ го постигна во драматичната завршница меѓу Мотор и Вардар.

Се вчитува...