„Топчиите“ го освоија „Стенфорд бриџ“, Ришарлисон го спаси Евертон од нов срам (ВИДЕО)

Арсенал стигна до голем триуфм на гостувањето кај Челси од 2-3 во лондонското дерби како дел од заостанатиот натпревар од 25. коло во англиската Премиер-лига.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Нкетиа во 13. минута. Челси израмни на 1-1 само четири минути подоцна преку Тимо Вернер. „Топчиите“ повторно поведоа со голот на Смит Роу во 27. минута, а до крајот на првиот дел Аспиликуета израмни на 2-2. Нкетиа со својот втор гол во 57. повторно ги доведе гостите во предност 2-3, а конечните 2-4 ги постави Сака од пенал во 92. минута.

Евертон се спаси од нов пораз откако ремизираше на домашен терен со Лестер 1-1. „Лисиците“ поведоа преку Барнс уште во 5. минута, а конечните 1-1 ги постави Ришарлисон во 92. минута. Во последниот натпревар од терминот од 20.45 Њукасл славеше минимално над Кристал Палас со 1-0.

 

 

 

Се вчитува...