„Топчиите“ на „седмо небо“ – Жезус се пофали со слика од терените (ФОТО)

Рехабилитацијата на Габриел Жезус по повредата на Светското првенство во Катар се одвива во најдобро темпо. Бразилецот кој блесна во дресот на Арсенал, предводејќи ги „топчиите“ во поголем дел од сезоната со пет гола и пет асистенции мораше да паузира осум седмици, но денеска објави фотографија на својот Инстаграм профил најавувајќи камбек на тренинзите.

Арсенал по подолго време е на добар пат да стигне до трофејот во Премиерлигата, а навивачите објавата на голгетерот ја дочекаа со големо воодушевување. Засега останува непознато кога 25-годишникот ќе го одигра повратничкиот натпревар, но јасно е дека тимот на Артета добива уште поголема помош во одбрана на 15-те бода предност пред Манчестер Сити.

Се вчитува...