„Топчиите“ повторно „пукаат“: Мерино и Сака за лесен триумф против Брентфорд (ВИДЕО)

После ремито со Челси на гостински терен, Арсенал се врати на победничките патеки и повторно ја зголеми предноста на првото место на табелата пред Манчестер Сити. „Топчиите“ вечерва на свој терен го совладаа тимот на Брентфорд со 2-0.

Микел Мерино во 11. минута на додавање на Бен Вајт, со глава стрелаше прецизно во мрежата на Келехер и донесе предност за домашните. Проблем за Артета може да претставува повредата на Москера, кој го напушти теренот пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме Арсенал си играше со нервите на своите навивачи, но победникот го реши во 91 минута кога Мерино асистираше до Сака, кој успеа да го измами својот чувар и да го совлада Келехер и да ги постави конечните 2-0.

Се вчитува...