„Топчиите“ се налутија, настрада ВБА

Арсенал со импресивна игра го декласираше тимот на ВБА со 0-6 во второто коло од лига-купот на Англија, најавувајќи излез од кризата во која „топчиите“ се најдоа по двата почетни порази во Премиер-лигата, натпревари на кои не постигнуваа ниту еден погодок. Артета овојпат се реши за ултра-офанзивна формација, со Пепе, Сака и Обамејанг помогнати од Одегард, за која домашните фудбалери не најдоа одговор.

Обамејанг го отвори резултатот на средината од првото полувреме, а победникот беше решен во 45. минута, кога во рок од шеесетина секунди „топчиите“ постигнаа уште два погодоци, преку Обамејанг и Пепе. Габонецот го комплетираше својот хет-трик во второто полувреме, во кое меѓу стрелците се запишаа и Сака и Лаказет.

Уште поубедливи од Арсенал беа фудбалерите на Саутемптон, кои како гости го демолираа составот на Њупорт со 0-8, меч на кој Елјунуси постигна хет-трик.

Пласман во третото коло од лига-купот обезбеди и Барнли, кој како гостин на пенали го елиминираше Њукасл откако по 90 минути игра резултатот гласеше 0-0.

Се вчитува...