Фудбалерите на Арсенал одиграа само реми 1-1 на гостувањето кај Саутемптон во натпревар од 12. коло во англиската Премиер-лига. Гостите до водство од 0-1 стигнаа уште во 11. минута со погодокот на Гранит Џака.
Домаќините не сакаа да се предадат во ниту еден момент против големиот фаворит, па во 65. минута преку Армстронг успеаја да израмнат на 1-1 и да стигнат до голем бод во борбата за опстанок.
По смената на Стивен Џерард фудбалерите на Астон Вила се препородија совладувајќи го Брентфорд со 4-0. Со истиот резултат славеше и Лестер на гостувањето кај Вулверхемптон, додека Фулам го освои Лидс (2-3).
Southampton [1] – 1 Arsenal – Stuart Armstrong 65′ from soccer
ПРЕМИЕР-ЛИГА РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО:
Саутемптон – Арсенал 1-1
Астон Вила – Брентфорд 4-0
Лидс – Фулам 2-3
Вулверхемптон – Лестер 0-4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА