Топмоделката Наталија Водианова и Филип Лам ќе го изнесат трофејот пред финалето на СП

Руската топмоделка Наталија Водианова и поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Германија, Филип Лам, ќе го изнесат трофејот во пресрет на финалето на Светското првенство во Русија, кое ќе се игра в недела на стадионот „Лужњики“ во Москва. Во финалната пресметка ќе се најдат селекциите на Франција и на Хрватска.

За Водианова ова е не е новост, со оглед дека таа беше дел од ритуалот и за откривањето на трофејот пред стартот на Мундијалот. Тогаш нејзин партер беше Икер Касилјас, поранешниот капитен на Шпанија.

Филип Лам пред четири години го крена пехарот како капитен на Германија, освојувајќи ја титулата на СП во Бразил. После финалето во Москва, пехарот ќе биде подигнат од Хуго Лорис или од Лука Модриќ, капитените на Франција и на Хрватска.

Се вчитува...