Торино му нуди нов договор на Белоти

Италијанскиот калчолигаш Торино планира да го „врзе“ својот најдобар фудбалер Андреа Белоти за подолг временски период. Раководството на клубот подготви нов четиригодишен договор, според кој напаѓачот ќе добие значително зголемување на годишната плата, но исто така ќе ’скокне’ и отштетната клаузула за негово предвремено заминување. Во моментот таа изнесува 100 милиони евра, а Торино посакува сумата да биде зголемена за уште дополнителни 30 милиони евра.

Белоти, кој во моментов е повреден, е на цена во фудбалска Европа, за него се интересираат неколку европски гиганти, а Челси и Манчестер јунајтед досега понудија по 80 милиони евра. Сепак, Торино не сака ни да слушне за продажба под 100 милиони евра, а доколку биде потпишан новиот договор, тогаш клаузулата ќе биде уште поголема.

Се вчитува...