Торино со играч помалку до бод во Фиренца (ВИДЕО)

Во миговите кога Фиорентина имаше водство и играч повеќе на теренот во дуелот со Торино, се чинеше дека „виолетовите“ ќе дојдат до нова победа во Серија „А“. Но, така не мислеше гостинот кој успеа да извлече бод од ова тешко гостување и со 10 играчи.

Дембеле во 33. минута доби втор жолт картон за брзо време и беше исклучен, а Фиорентина само пет минути подоцна материјализираше. Кеан успеа да се запише во листата на стрелците и да донесе предност за Фиорентина.

Резервистот Гиенитис во вториот дел само 13 минути откако влезе во игра успеа да го израмни резултатот. Јаловите напади на домашните до крајот на мечот не дадоа резултат, па мечот заврши без победник.

Се вчитува...