Торонто се спаси од елиминација: Сијакам и Трент ја продолжија серијата против Филаделфија

Кошаркарите на Торонто не се предаваат така лесно, и намалија на 3-1 во серијата против Филаделфија, со што само ги продолжија надежите. Иако реално се мали шансите, сепак, успеаја да се спасат од елиминација, и на свој терен славеа со 110-102, со што серијата сега се сели во Пелсиванија.

Во неизвесен дуел во Каната, домаќинот со скрши отпорот во последната четвртина кога стигнаа до 14 поени предности.

Паскал Сијакам со 34 поени, осум скока и пет асистенции беше најдобар во тимот на Ник Нурс, додека Гери Трент запиша 24 поени.

Се вчитува...