Тоше Ончев денеска е претставен за нов ракометар на македонскиот суперлигаш, МРК Куманово.
Ончев во својата богата кариера настапуваше за тимовите на РК Вардар, францускиот Вернолиет, Вермон од Франција, Феакаш, Грција, Тримо Требње од Словенија, РК Охрид, РК Голден Арт, РК Фруитленд Борец и шпанскиот Валинокс Новакс.
„Пред се голема благодарност до целата управа на МРК Куманово. Среќен сум што доаѓам во одличен клуб како суперлигашот од Куманово и се надевам дека заедно ќе ги оствариме целите на клубот, а тоа е пласманот во Суперлигата“, изјави ракометарот по потписот со МРК Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА