Тотална лудница на „Месталја“: Судијата режираше хаос, Белингам полуде па доби црвен картон по крајот… (ВИДЕО)

Низ тотален хаос заврши натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид на „Месталја“ во 27. коло од шпанската Ла Лига.

За да биде исклучително драматичен натпревар до крај се погрижи главниот судија Хил Манзано кој поништи гол на Белингам за победа на Реал Мадрид од 2-3 во последните секунди од средбата.

Интересно, Манзано се одлучи среде центаршут на „кралевите“ да свири крај на натпреварот само една секунда пред Белингам да постигне гол во 99. минута….

Но, на крај, неважечки, што предизвика дополнителни тензии по средбата. Најнервозен сосема очекувано беше англискиот репрезентативец Белингам кој вербално го нападна судијата и доби црвен картон по крајот на мечот.

Претходно, пак, во 92. минута беше досуден пенал за Валенсија. Но, по ВАР-интервенција судијата се одлучи да ја поништи таа одлука, и мечот на крај заврши без победник, 2-2.

Се вчитува...