Тотенхем без Сон доживеа срамен пораз од Кристал Палас (ВИДЕО)

Лидерот на табелата во англсиката Премиер-лига, Тотенхем го доживеа првиот пораз откако во градското дерби загуби на гостувањето кај Кристал Палас со 3-0. Дефинитивно во тимoт недостасуваше Сон кој заработи повреда во интернационалната пауза.

Домаќините поведоа со 1-0 во 75. минута кога Вилфред Заха стрелаше сигурно од пенал, а потоа на сцена настапи Одсоне Едуард на кого му беа потребни само десетина секунди по влегувањето во 84. минута да зголеми 2-0, а во 93. ги постави конечните 3-0. За издвојување е и црвениот картон кој го доби играчот на Тотенхем, Танганга во 58. минута.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...