Тотенхем до лесна победа на контролата со Ридинг (ВИДЕО)

Премиерлигашот Тотенхем стигна до лесна победа од 4-1 на контролниот натпревар против Ридинг. Избраниците на Жозе Мурињо почнаа фуриозно. Тотенхем поведе со автоголот на Ричардс во 7. минута. Во 21. Деле Али зголеми на 2-0. Сон во 39. зголеми на 3-0, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Ерик Ламела, а конечните 4-1 ги постави Пушкаш од пенал во 80. Тотенхем во подготвителниот период ќе игра уште против Бирмингем и Вотфорд, а на 12. септември со Евертон ја стартува новата сезона.

 

Се вчитува...