Тотенхем донесе одлука: Покетино е на излезна врата

Тотенхем е во сериозна криза, а управата на лондонскиот клуб реши да не застане во одбрана на Маурисио Покетино. Аргентинецот е многу блиску до заминување откако беше обелоденето дека за време на репрезентативната пауза тој имал средба со претседателот Даниел Леви, на која му било соопштено за големото незадоволство на дел од клучните играчи од неговиот ангажман на стартот од сезонава.

Јасно е, фудбалерите вината за слабите игри и резултати ја префрлаат врз тренерот, а Леви решил да застане на нивна страна. Отказ засега не е опција, аргентинскиот стручњак ќе има можност во следните неколку средби да ја сврти ситуацијата во своја полза, но шансата за такво нешто е минимална. Проблемот лежи во нарушените односи со дел од клучните фудбалери, предводени од англиските репрезентативци Хари Кејн, Ерик Дајер и Деле Али.

Самиот стратег е бесен бидејќи минатото лето имаше богати понуди на маса, тогаш Тотенхем не го пушти да си замине, а сега се чувствува како да му е забиен нож во грб. Тој нема намера самиот да си поднесе оставка, „спарси“ сакаат да наплатат отштета од најмалку 15 милиони фунти, но проблем е што Баерн и Милан во меѓувреме најдоа нови тренери, а останатите поголеми клубови во Европа немаат „најава“ за смена во блиска иднина. Кога „љубовта“ ќе „пукне“ на ваков начин, јасно е дека не може да има „хепиенд“. Единствената дилема е очигледно кога ќе дојде крајот.

Се вчитува...