Играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе отсуствува од терените околу три месеци. Уругваецот ги повреди лигаментите на зглобот по прекршокот кој го направи Мети Кеш на натпреварот изминатиот викенд.
Се претпоставува дека Бентанкур ќе биде надвор од строј 10 недели. Играчот за врска оваа година веќе долго време беше надвор од терените. Тој поради повреда на лигаментите, беше во аут од февруари до октомври, по што се врати, но сега ќе следи нова долга пауза.
Бентанкур во минатото играше и за Јувентус, од каде во 2022 година се пресели во Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА