Тотенхем и Евертон во борба за Јармоленко

Одличниот играч на Динамо Киев, Андриј Јармоленко, веќе подолго време е цел на европските клубови, а се чини дека жестока ќе биде борбата за него до крајот на зимскиот преоден рок.

Премиерлигашите Тотенхем и Евертон сериозно се интересираат за неговите услуги, разврската ја следи и Вест Бромвич Албион, а члениците на украинскиот клуб се подготвени да го продадат играчот за сума од 10.5 милиони евра.

Украинецот во октомври 2015 година ја продолжи соработката со екипата и неговата моментална заработка е 4.7 милиони евра. Се најавува дека тој најверојатно ќе го напушти клубот оваа зима.

Агентот на Јармоленко поставил услов, неговата плата да изнесува 110.000 евра седмично, сума која клубовите од Англија можат да си ја дозволат. Тој оваа сезона настапи на 19 натпревари, а постигна пет погодоци и запиша и четири асистенции.

Се вчитува...