Тотенхем ги претстави Герет Бејл и Серхио Регуилон (ФОТО+ВИДЕО)

Англискиот премиерлигаш Тотенхем значително го засили тимот пред гостувањето во Скопје и дуелот со Шкендија во третото коло од Лигата на Европа. Секако, и за сезоната во Премиер – лигата.

Герет Бејл, велшкиот интернационалец се врати во Лондон по седум години и повторно го облече дресот на Тотенхем. Тој ќе настапува како позајмен играч од Реал Мадрид.

Тотенхем го купи и левиот бек Серхио Регуилон, исто така од „кралскиот клуб“. Тој потпиша договор до 2025 година.

Се вчитува...