Тотенхем го обезбеди потписот на англискиот репрезентативец од Лестер

Џејмс Медисон, играчот од средниот ред на Лестер, договори трансфер во Тотенхем. Наводно двете страни имале усмен договор, а преговорите меѓу клубовите се во завршна фаза, а сега веќе новиот член на Чемпионшип ќе добие 45 милиони евра за неговите услуги.

Медисон веќе е во Лондон на медициниски прегледи, а се очекува преговорите да завршат и да следува потпис.

Медисон е повремен репрезентативец на Англија. Пред Лестер играше за Ковентри и Норич. За Лестер постигна 55 голови и подели 41 асистенција на преку 200 натпревари.

Се вчитува...