Тотенхем го понуди својот стадион во борбата со коронавирусот

Се поголем број спортисти и спортски колективи се вклучуваат во битката со коронавирусот. И англиски Тотенхем се вклучи во битката со Ковид-19, одлучувајќи својот стадион одлучи да го даде на располагање на Националната здравствена организација.

„Ние чувствуваме, како дел од заедницата, дека сме потребни на Англија и нашиот народ. Горди сме што се вклучуваме во обаа битка против коронавирусот. Ова е почеток, а понатака ќе понудиме уште повеќе“ – вели Даниел Леви.

Според најавите, комплетниот паркинг во затворен простор на стадионот ќе се користи како магацин за складирање на храна наменета за социјалните лица.

Се вчитува...