Тотенхем обезбеди пласман во следната рунда од ФА купот на Англија откако го совлада Саутемптон со 3-2. Беше тоа мошне неизвесен натпревар, а тимот на Жозе Мурињо на крајот сепак се провлече и ќе игра во осминафиналето од ова натпреварување.
Тотенхем поведе со автоголот на Стевенс во 12.минута, но израмни Шејн Лонг до крајот на полувремето. Дени Ингс направи целосен пресврт, но Тотенхем не се предаде и возврати на идентичен начин. Лукаш израмни, а Хјонг-Мин Сон од пенал му донесе триумф од 3-2 на составот на Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА