Тотенхем го претстави новиот голман

Тотенхем доби нов голман во своите редови, откако го промовираше италијанскиот чувар на мрежата Гилемо Викарио од Емполи. Тој ќе биде новиот чувар на мрежата на лондонскиот тим по заминувањето на Хуго Лорис. Договорот на 26-годишниот Италијанец е на пет години.

Викарио во изминатата сезона одигра 32 меча за Емполи, и прими 41 гол. Беше повикан и во националниот тим на Италија, но тешко дека ќе добие сериозна шанса во иднина со оглед дека таму неприкосновен е Џиџи Донарума.

Лорис има договор со Тотенхем на уште една година, но неодамна објави дека заминува од клубот после 11 години, по што Тотенхем тргна по нов чувар на мрежата.

<

/p>

Се вчитува...