Тотенхем го прими најсмешниот гол во Премиер-лигата

Тотенхем за помалку од дваесет минути се наоѓа во негатива од 0-2 на домашен терен против Вулверхемптон, за шок на Антонио Конте и навивачите на „спарси“ во ова неделно попладне.

На првиот погодок му претходеше несигурна интервенција на Љорис, а особено смешен беше вториот гол што го постигнаа гостите.

Се почна од несигурната акција во својот шеснаесетник што почна од голманот Љорис, гостите влетаа во шеснаесетникот, ударот на Поденс беше блокиран од Санчез, но топката се удри од Бентанкур, удри во дирекот, по што Дендонкер налета и ја смести во мрежата.

Се вчитува...